Одржана Првата конститутивна седница на Ученички парламент
Објавено на: 01.11.2018
По изборот на класни заедници кој се изврши во текот на месец септември, на ден 04.10.2018 година (четврток) се одржа Првата конститутивна седница на Ученички парламент во учебната 2018/2019 година. На Првата конститутивна седница присутните беа запознати со функцијата и структурата на на Ученички парламент, како и за начинот на избор на претседател, заменик претседател и секретар на Ученички парламент во нашето училиште.
Формирањето на Ученички парламент се врши во рамките на проектот „Дете правобранител“ кој е дел од поширокиот проект „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ на Коалиција на младински организации СЕГА, подржан од детската фондација Песталоци. Овој проект предвидува демократски модел на избор на Ученички парламент преку тајно гласање.
Седницата ја водеше ученичката Кристина Костадиновска, а на седницата присуствуваа наставниците кои се членови на Ресурсниот пакет.