Учениците од II година во посета на базенот Карпош во Скопје


Објавено на: 04.11.2018

На ‎3.11.2018 година (сабота) група ученици од II год при Гимназија Добри Даскалов го посетија базенот Карпош во Скопје. Учениците имаа можност 1 час да пливаат и да се дружат во топлата вода и пријатниот амбиент на базенот со олимписки димензии. Користејќи ја кратката патека од 25 м дел од учениците ја увежбуваа и ја усовршија техниката на пливање со граден стил. По завршувањето на активностите на базен учениците во своето слободно време го посетија трговскиот центар City Mall каде сто некои од нив куглаа во кугланата на истиот. Активностите беа во рамките на проектните активности на учениците по Спорт во организација на Активот по Спорт и спортски активности, а под менторство на проф Блашко Клинчаров. Во периодот кој следи и други ученици од другите години ќе имаат можност да одат на базен и да ги усовршат своите пливачки способности. Исто така со учениците кои имаат избрано проектна активност Спорт ќе се реализираат и други активности што не се опфатени со редовната настава како што се: Возење велосипеди, пешачење, планинарење, возење ролери и друго.
На пливање во базенот Карпош учествуваа 18 ученика.

Proektni sport plivanje