Одбележан патрониот празник на училиштето


Објавено на: 19.11.2018

На 13.10.2018 (вторник) со положување на цвеќе пред бистата на патронот Добри Даскалов и свеченост во фоајето на Гимназијата се одбележа патрониот празник на училиштето. Програмата започна со изведба на химната од страна на училишниот хор. Потоа директорката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова ги поздрави присутните гости и накратко се осфрна на животниот пат на тиквешкиот војвода Добри Даскалов но и за успесите на кавадаречките гимназијалци кои секоја година ги освојуваат првите места на државни и меѓународни натпревари. Следуваше изведба на композицијата За овој светод училишниот хор и оркестар и дел од проектот Сите лица на животот во кои учествуваат ученици од II до IV година. По завршувањето на културно-уметничката програма присутните ги проследија натпреварите во кошарка и фудбал на спортските терени. Со ова програма се одбележа достојно патрониот празник на училиштето, а пред нас е една нова година која треба да биде многу поуспешна со повеќе освоени награди и признанија од учениците.

DSC 4389

DSC 4415

DSC 4403

DSC 4409

DSC 4421

DSC 4427

DSC 4497