Иновативен камп-натпревар на средношколци во оргaнизација на Џуниор Ачивмент Македонија


Објавено на: 29.12.2018

На 23ти ноември 2018, во Скопје, се одржа Иновативен камп-натпревар на средношколци во оргaнизација на Џуниор Ачивмент Македонија. На овој натпревар во претприемнички вештини учествуваа 110 ученици од 22 средни училишта. Тие беа групирани во 22 тима по 5 ученица кои меѓусебно не се познаваа.

Од нашата гимназија учество зедоа Ристов Ѓорѓи, Ќесаси Ружди, Талева Елена, Костадинова Кристина и Загорка Јованова под менторство на наставникот Петров Костадинчо

По низата тимбилдинг активности, на учениците им беше дадена задача да смислат производ или услуга што ќе придонесе кон подобра удобност на купувачот.

Во текот на денот учениците работеа на развивање на нивната бизнис идеја со помош на 22 бизнис ментори коишто ги насочуваа и охрабруваа учениците да ја развијат бизнис идејата според зададениот концепт и да подготват што поквалитетна презентација во PowerPoint во дадениот рок.

По сумираните оценки од зададените критериуми за избор, жирито одлучи да го додели првото место на тимот број 2 во кој беше ученичката Загорка Јованова.

46520086 722199634809707 9025732511069634560 n

46750654 724972364532434 3713450508195725312 n

46955617 724962027866801 7296453797230936064 n

46965703 724968771199460 1350915266409660416 n

47026724 724961007866903 1206556841450930176 n

47051015 724970491199288 6266172317802430464 n