Во Португалија започна реализацијата на проектот „Програма за проучување на културното наследство на земјите”


Објавено на: 12.02.2019

Гимназијата „Добри Даскалов“ започна да го реализира Еразмус+ проектот „Програма за проучување на културното наследство на земјите” во периодот од 4 до 9 февруари 2019 година во Португалија. Проектот HELP – Heritage Education Learning Program е во рамките на програмата Еразмус+ стратегиско партнерство со рок на реализација од 2 години. Првата мобилност и средба се реализира кај партнер училиштето Agrupamento de Escolas Camilo Castelo Branco во градот Nova de Famalicão, Португалија. Во проектот учествува како партнер нашето училиште, училиштето Galatasaray Lisesi од Истанбул, Турција и Escola Secundária da Ribeira Grande од островот Ribeira Grande, Португалија.

Целта на проектот е проучување и проширување на знаењата за културните наследства на земјите со акцент на креирање на презентации, видеа и останати содржини за промоција на културните наследства.

Photo 2-7-19 09 42 44-min

Photo 2-6-19 12 27 52-min

На првата работна средба присустуваа учениците Добринка Сотирова III-3, Ненад Петрески III-3, Селма Бегани III-5, Стефан Попов IV-2, Ѓорѓи Ристов IV-2 и Даниел Џуланов IV-5 со професорите Христинка Косовска и Зоран Милевски. Во периодот на подготовка беше објавен повик за пријавување на ученици – учесници кои имаа задача да креираат лого според правилата на проектот, и според реализираните логоа и добиените поени беа избрани горенаведените ученици.

Проектот продолжува да се реализира заедно со партнерските училишта, како и со продлабочување на соработката и проширување на знаењата за нови вештини и споделување во рамките на тимска работа. Во следните активности од проектот ќе бидат вклучени и останати ученици од нашето училиште.

Photo 2-6-19 11 28 31-min

Photo 2-7-19 09 22 56-min

Photo 2-6-19 10 56 29-min

Photo 2-6-19 10 56 41-min

Photo 2-6-19 12 28 28-min

Photo 2-6-19 12 28 03-min

Photo 2-6-19 13 58 20-min  Photo 2-7-19 16 10 10-min