Одржана дебата на тема „Треба ли да се воведат униформи во училиштето?“
Објавено на: 15.02.2019
На ден 24.12.2018 година во организација на Ученичкиот парламент, како дел од активностите предвидени со Ресурсниот пакет за ученичко учество и заштита на детските права се одржа дебата со наслов „Треба ли да се воведат униформи во училиштето?“. Во дебатата учествуваа ученици од втора година: Душица Колева, Смиља Бошкова, Александар Стојанов, Македонка Туриманџова, Александар Кадров, Софија Маркова, Софија Секуловска. Поделени во два тима застапуваа два различни става во однос на поставеното прашање, ги истакнаа своите ставови и мислења „за“ и „против“поткрепени со аргументи. На крајот на дебатата преовлада ставот дека учениците повеќе преферираат да не носат униформи, како би имале можност преку облеката да се изразат себе си и да ја претстават својата различност.