Продолжува неколкугодишната меѓународна успешна соработка со гимназијата „Курт Николин“ од Финспанг, Шведска


Објавено на: 06.04.2019

И оваа учебна година продолжува неколкугодишната меѓународна успешна соработка на Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци со Гимназијата „Курт Николин“ од Финспанг, Шведска. Имено, во периодот од 25. март до 05. април 2019 година ученици од Гимназијата „Курт Николин“ заедно со ученици од нашата гимназија работеа на заеднички проект при што изработуваат видеа од посетите на повеќе компании од нашиот регион.

Соработката беше заокружена со завршен настан помеѓу партнерските училишта каде беа претставени продуктите на учениците од имплементирањето на проектот. На настанот со свој говор за успешната соработка се обратија Директорот на Гимназијата „Курт Николин“ од Финспанг, Андерс Содергрен и Директорката на Гимназија „Добри Даскалов“, Невенка Поп-Ангелова, како и професорот во Шведската гимназија Златко Каров. На завршниот настан Директорот Андерс Содергрен објави дека Гимназијата „Курт Николин“ од Финспанг, Шведска ќе им додели стипендии на ученици од нашата гимназија за еднонеделен престој и размена на искуство во Шведската гимназија.

Photo 4-8-19 14 54 24

Photo 4-8-19 14 54 38

Photo 4-8-19 14 55 51

Photo 4-18-19 12 22 06