Одржана обука на Џуниор Ачивмент Македонија за програмата за училишни компании


Објавено на: 09.04.2019

Во деновите 07 и 08 Март 2019 година, во Скопје се одржа обука на Џуниор Ачивмент Македонија за програмата за училишни компании. На таа обука учествуваа професори на Средните училишта во Македонија а присуство имаше и СОУ Гимназија “Добри Даскалов – Кавадарци со професорките по правни предмети Слободанка Стојанова и Татјана Ралевска. На обуката беше презентирана програмата за училишните компании,за дејствијата кои претходат на отворањето на училишната компанија како и за бенефитите од училишните компании. Професорите имаа можност, преку симулација, да ги реализираат горе наведените активности , на начин што сите професори во групи си основаа компанија, си произведоа производ по нивна желба, подготвија свој штанд со производот, за на крај да извршат презентација на својата компанија.По презентирањето на сите компании, симболично следуваше и избор на најдобра компанија, а тој ” епитет” го понесе компанијата “Bio Beauty” во која учествуваше проф: Слободанка Стојанова.

55529938 368500520411070 203898379762139136 n

54217375 412899522819067 8605685671593508864 n

 

 

54519595 2069261169859291 3787894364588474368 n

55540624 390768875080387 1119357688103305216 n