Одржан регионален натпревар по македонски јазик и литература


Објавено на: 10.04.2019

На 06.04.2019 година во Неготино се одржа регионален натпревар по македонски јазик и литература. Учество зедоа двајца ученика од СОУ Гимназија “Добри Даскалов”. Од втора година под менторство на професор Кочо Кочов се натпреваруваше ученикот Александар Стојанов, а од трета година ученичката Мартина Велковиќ под менторство на професор Гордана Еленова.

Ученичката Мартина Велковиќ освои трето место и обезбеди учество на државен натпревар.
Natprevar-makedonski