Регионален натпревар по Биологија


Објавено на: 15.04.2019

На 23.03.2019 година во СОУ Гимназија ,,Кочо Рацин во Велес се одржа шестиот по ред Регионалниот натпревар по биологија. Нашите ученици и овој пат со предходно постигнатите одлични резултати на Општинскиот натпревар се пласираа на ова натпреварување.

Во нашиот ргион се натпреваруваа вкупно 65 ученици, од кои од нашето училиште СОУ Гимназија ,,Добри Даскаловвкупно учестваа 19 ученици од I,II,III и IVгодина и тоа: 6 ученици од I година, 6 ученици од II година, 6 ученици од III година и 1 ученик од IV година.

Домаќините од СОУ Гимназија ,,Кочо Рацин од Велес, срдечно ги пречекаа сите натпреварувачи и нивнте ментори, организирано и точно ги спроведоа сите активности кои беа поврзани со овој настан и на крај им посакаа на учениците уште многу успех, здравје ,среќа и можности за други вакви средби. Затоа од срце им се заблагодаруваме и им посакуваме и во иднина да се среќаваме со заеднички активности и понатамошни успеси .

Како и секогаш нашите ученици покажаа одличен успех и висок пласман меѓу училиштата во нашата држава. Учениците постигнаа високи резултати , се здобија со награди и пласман на   Државниот натпревар по биологија, кој ќе се одржи на 11.05.2019 година на Природно- математичкиот Факултет односно на Институтот за Биологија во Скопје.

Учениците го постигнаа следниов успех:

Од I година, под менторство на проф. Богде Коцева:

1. Дарко Стојчев -Прва награда и учество на Државен натпревар;

2. Михаела Темелкова – Втора награда и учество на Државен натпревар;

3. Благој Трајков –Трета награда и учество на Државен натпревар;

4. Симона Темелкова – Пофалница;

Од II година, под менторство на проф. Елизабета Иговска:

1. Слободан Јовановиќ – Пофалница;

Од III година, под менторство на проф. Богде Коцева:

1. Македонка Бинова –Трета награда и учество на Државен натпревар;

2. Зоран Митревски -Пофалница;

3. Анастасија Иловска – Пофалница;

Од IV година, под менторство на проф. Елизабета Иговска:

1. Павлинка Ташева – Пофалница и учество на Државен натпревар;

На сите учесници им се заблагодаруваме за учеството и постигнатите резултати и им посакуваме се најдобро во иднина и учество на уште многу вакви активности, а на учениците кои се пласираа на Државниот натпревар им пожелуваме многу успех и среќа во следното натпреварување.