Образовна манифестација „Образовно рандеву 2019”
Објавено на: 15.04.2019
Образовната манифестацијата „Образовно рандеву 2019”, се одржа на 12 и 13 Април 2019 година во ОСУ „Мирко Милески” – Кичево. СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци, преку економско-правна и трговската струка, учествуваше на оваа образовна манифестација со вкупно 33 ученици и 9 наставници-ментори: Давчева Лоска, Иванова Душанка, Станоевска Љубица, Лазова Благородна, Ризова Јасминка, Коцева Богде, Велков Ѓорѓи, Клинчаров Блашко и Тимче Пецов, во следните категории: интервју за работа, јавно говорење, модна ревија, пинг-понг, баскет, серва, најдобра видео реклама, најдобра фотографија и најдобар филм.
Во категоријата „Модна ревија” ученичките Ивона Тасева, Спасијка Димова, Сара Ристова, Мирјана Трипунова, Благица Темелкова, Ружица Димитрова и Наталија Палитова, под менторство на професорката Јасминка Ризова, освоија петто место.
Во сите категории, учениците остварија солидни резултати и притоа покажаа тимска работа, самодоверба, креативност, самоиницијативност, лидерски способности, организациски и комуникациски вештини, спортски дух… Преку овие вештини, учениците се оспособуваат за живот и работа.
„Образовно рандеву” е образовна манифестација со натпреварувачки карактер, организирана од МАССУМ (Младинска асоцијација на средни стручни училишта), Министерството за образование и наука, и USAID, наменета за учениците од средните стручни училишта во Република Македонија. Секоја година, СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци, преку ЛМО „Млади лидери” при Гимназијата, активно зема учество во оваа манифестација, промовирајќи го училиштето и освојувајќи награди во одделни категории.
Веќе 13 години, ЛМО при Гимназијата, „Млади лидери“, под менторство на професорката по економски предмети, Давчева Лоска, успешно работи на јакнење на капацитетите на учениците од економско-правна и трговската струка, со профилите економски техничар и правен техничар, нивно подготовување за лидерство, нивен личен напредок и поголем успех во кариерата. Затоа, добро е да се потсетиме на мисијата, визијата и слоганот на ЛМО „Млади лидери” при СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци:
Мисија: „Млади лидери“ е динамична младинска организација која ќе го подобри животот на младите, преку подготовки за лидерство, нивен личен напредок и поголем успех во кариерата.
Слоган: „Мисли, твори, креирај – води !“
Визија: За да бидеш лидер треба секогаш критички да размислуваш и тоа треба да те води кон творење, создавање на нешто што можеш да го правиш, да умееш да ги изразуваш со твое творење и индивидуалните способности и афинитети, и сето тоа е основа да ги видиш и другите личности во иднината и да допринесеш да ја промениш положбата во која се наоѓаш, а со тоа ќе допринесеш за подобрување на животот на младите. Сето тоа води кон успех во кариерата на секој поединец.
Прилогот го подготви,
Лоска Давчева, професор по економски предмети