ПОВИК За избор на Дете правобранител и двајца заменици на Дете правобранител


Објавено на: 07.10.2019

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА, во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ поддржан од Детската Фондација Песталоци, објавува

 

ПОВИК

За избор на Дете правобранител и двајца заменици на Дете правобранител

 

            Дете Правобранител претставува ученик кој ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави на сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во/вон училиштето (Училишен кадар и Народен правобранител).

I УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

 

Право на пријавување за функцијата Дете правобранител: ученици/чки од II и III година.

Право на пријавување за функцијата заменик Дете правобранител: ученици/чки од I, II и III година во средно училиште.

 

II НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо.

Заинтересираните кандидати можат да подигнат пријава од педагошко – психолошката служба и проф. Наташа Матакова. Истата, кандидатите потребно е да ја пополнат и достават до педагошко – психолошката служба или проф. Наташа Матакова.

Мотивационо писмо се доставува во слободна форма.

Краен рок за поднесување на документите: 16.10.2019

 

III КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Селекција на пријавените кандидати и избор ќе врши Тимот за Ресурсен пакет за Имплементација на Конвенцијата за правата на детето при СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци според следните критериуми:

  • пол,
  • возраст,
  • основно познавање на детски права,
  • мотивација за пријавувањето,
  • комуникациски и организациски способности,
  • претходно поведение,
  • етничка припадност,
  • претходно искуство односно вклученост во вон-наставни активности.

 

 

IV РАБОТНИ ОБВРСКИ на Детето Правобранител и неговите заменици:

  • Учество на обука за содржина на Конвенцијата на правата на детето и нејзина примена во рамките на училиштето
  • Учество на обука за улога и обврски на Дете правобранител
  • Промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници
  • Прибирање на претставки – поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и обезбедување заштита за почитување на детските права)

 

Мандатот на избраниот Дете правобранител и замениците правобранители ќе биде во период од две учебни години.

 

Лице за контакт:  Наташа Матакова