Избран претседател и заменик-претседател на на Ученичкиот парламент


Објавено на: 14.10.2019

На ден 09.10.2019 година (среда) се одржа Втората седница на Ученичкиот парламент со Дневен ред избор на претседател и заменик претседател на Ученичкиот парламент во текотна учебната 2019/2020 година.

По упатениот Повик на Првата конститутивна седница на Ученичкиот парламент за избор на претседател заклучно со 02.10.2019 година за претседател на Ученичкиот парламент се пријавија шест кандидати: ученичката Софија Маркова, Јована Ѓорѓиевска, Вероника Каровска, Мартин Ристовски, Симон Темков и ученикот Анѓел Милков. Учениците се претставија пред присутните со програма за работа на Ученичкиот парламент и ги истакнаа причините кои ги мотивирале да аплицираат за оваа функција. По извршениот избор преку тајно гласање за претседател на Ученичкиот парламент во учебната 2019/2020 година членовите на Ученичкиот парламент ја избраа ученичката Софија Маркова од трета година, а за заменик-претседател беше избран ученикот Мартин Ристовски од прва година. На присутните им се обрати Директорката Г-ѓа Невенка Поп Ангелова, а на претседателот и заменик претседателот им посака успешна работа.