Посета на матична служба – подрачна канцеларија Кавадарци


Објавено на: 20.10.2019

На ден 27.09.2019 година учениците од клас III 7  и IV 7при СОУ Гимназија  „Добри Даскалов“ Кавадарци во рамките на наставните часови по наставните предмети „Практична настава“ и „ Канцелариско работење“  со предметните  наставници Татјана Ралевска и Слободанка Стојанова ги посетија просториите на матичната служба – подрачна канцеларија Кавадарци.

Учениците имаа можност да се запознаат со работите поврзани со матичната евиденција, како и со постапката за упис во матичната книга на умрените и во матичната книга на венчаните. Учениците практично се запознаа со дејствијата кои се превземаат во случај на направена грешка при уписот во матичните книги како и со начинот за исправање на истите.

На крајот, учениците имаа можност да добијат одговори од вработените во матичната служба за сите нејаснотии поврзани со матичнатаевиденција.