Меѓународен ден на детето
Објавено на: 23.11.2019
На ден 20 Ноември 2019год., Ученичкиот Правобранител Стефан Стојанов, заедно со уште
девет ученици и професорката Жанета Делова, учествуваа на настанот за одбележување на
Меѓународниот ден на детето, кој беше организиран во соработка со СЕГА и Народниот
Правобранител. Ученичките Правобранители имаа можност да се обратат до Претседателот на
Собранието со писмо за почитување на Детските права . Учениците исто така и креативно да се
изразија и испратија пораки преку ликовни творби кои самите ги изработуваа.