Нови искуства и предизвици на гимназијалците од посетата на Curt Nicolin
Објавено на: 23.01.2020
Од долгогодишната добра соработка на училиштето Curt Nicolin –Финсбанк, Шведска со училишта од Македонија во многу проекти, произлезе поканата за престој во Финсбанк од 9-ти до 13-ти декември .
Училиштето Curt Nicolin обезбеди стипендии за 15 ученици и тројца раководители , од СОУ Гимназија Добри Даскалов и СОУ Киро Спанџов –Брко од Кавадарци и СОУ Панче Караѓозов од Скопје .
Учениците, Зоран Митревски, Горица Спанџова, Ева Коцева, Даница Глигорова , Борис Митрев и директорката Невенка Поп-Ангелова беа претставниците од нашето училиште.
Се запознаа со условите на училиштето, програмите, методите на изучување, нагледните средства , нови образовни технологии, шведската култура и традиција и околината на убавото гратче Финсбанк .
Домаќините, учениците, професорите, директорот им укажале топло добредојде со беспрекорно организираните активности,посети на фирми и услови обезбедени за сите гости од Македонија .
Во училиштето заедно со учениците домаќини учествувале во едукативни работилници кои претставувале вистинско уживање за сите ученици,учење,дружба,инспирација.
Голема БЛАГОДАРНОСТ до Curt Nicolin , за можноста , за соработката, за размената на добри практики и искуства ,с е за подобрување на образованието!