Одбележување на 21 март, Денот на пролетта и екологијата
Објавено на: 22.03.2021
Како и секоја година, така и оваа учебна година училиштето се вклучи во одбележување на Денот на пролетта и екологијата. За таа цел, учениците преку изготвување на презентации го одбележаа овој ден.
Учениците работеа под менторство на: Богде Коцева – професор по биологија, Елизабета Иговска – професор по биологија и Јасминка Ризова – училиштен педагог.
Целта на оваа активност и овие презентации е подигнување на еколошката свест и култура на сите граѓани, како и придонесување за почиста околина и поздрава средина.
Им благодариме на сите ученици што покажаа интерес за соработка и во вакви услови при реализирање на наставата преку учење од далечина.
Заштита на животната средина
Денот на пролетта
За Екологијата
Екологија и заштита на животната средина
Екологија - Одбележување на Денот на пролетта и екологијата
Рециклирање
Заштита на воздухот
Наука за животната средина
Екологија
Нивоа на исхраната во Екосистемот (1)