Честитки за наградите на најдобрите математичари Мајкл Георгиевски и Бошко Бошков!


Објавено на: 06.06.2021

На 28-та Македонска Математичка Олимпијада (ММО) учествуваа најдобрите 49 математичари, средношколци од I до IV година.

Се натпреваруваа во решавање на 5 исти задачи од областите комбинаторика, геометрија, низи на броеви и други области за кои се подготвуваа. Покрај редовната настава, покрај консултациите со своите ментори, истите неуморно вежбаа самостојно и ги истражуваа тајните на математиката.

Мајкл Георгиевски и Бошко Бошков, ученици од II-3 клас, ментор Невенка Поп-Ангелова, се натпреваруваа заедно со 49-те најдобри математичари средношколци!

Мајкл Георгиевски се здоби со СРЕБРЕН  МЕДАЛ на ова натпреварување!

Поканата за учество на ММО за двајцата ученици воопшто не е случајна, а дојде по одличните резултати на Регионалниот и Државниот натпревар по математика.

На Регионалниот натпревар учениците освоија  I место со  100 поени.

На Државниот натпревар Мајкл Георгиевски освои I место, а Бошко Бошков освои II место!

https://smm.org.mk/wp-content/uploads/2021/05/drzaven-2012-vtora.pdf

Им честитаме на учениците за освоените награди и им посакуваме и понатаму да продолжат посветено да работат, учат, истражуваат и да постигнуваат успех на сите полиња.

Математиката не познава ниту расни, ниту географски граници; за математиката, културниот свет е една држава…  – Давид Хилберт.