Хуманитарна акција од ученици од Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци


Објавено на: 27.12.2022

По 12-ти пат се организира хуманитарна акција на ден 27.12.2022 год. од учениците од Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци, под менторство на проф. Иговска Елизабета и поддршка на директорката Јасмина Чулева во Дневниот центар – Кавадарци за децата со посебни потреби. Оваа година ни се придружи и ученичкиот парламент под менторство на проф. Наташа Матакова.

Се донираше караоке уред за музичка терапија на децата, новогодишни пакетчиња, боенки и фломастери. Радоста беше заедничка на сите присутни.