Одржан училишен натпревар по информатика


Објавено на: 03.03.2023

Традиционално и оваа учебна година наши ученици се вклучија во циклусот натпревари по информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија. Најпрво, поради големиот интерес на учениците во просториите на гимназијата Добри Даскалов на 28 февруари 2023 година (вторник) беше одржан училишниот натпревар кој имаше за цел да им овозможи на учениците да се натпреваруваат и да ги покажат своите знаења во областа на информатиката и програмирањето, додека на менторите да направат селекција на претставници кои ќе го претставуваат училиштето на регионален натпревар.

На училишниот натпревар учествуваа 23 ученици под менторство на професорите по информатика Благородна Лазова и м-р Зоран Милевски и тоа:

Ристе Поповски I-4, Мартин Николов I-4, Кирил Василев I-4, Давид Митров I-4, Цветко Стојанов I-4,  Јован Илов I-2, Гоше Алексов II-2, Стефан Мустеников II-2, Атанас Јованов II-3, Павле Ристов II-3, Костадин Мишев II-3, Орданчо Клинчаров II-3, Лазар Јанчев II-3, Драган Ташев II-3,  Јордан Милков III-3, Милан Лазов III-3, Благоја Василев III-3, Даме Тефов III-3, Анастасија Стојанова III-4, Мајкл Георгиевски IV-3, Александар Милков IV-3, Стефан Милков IV-3 и Бошко Бошков IV-3.

Според резултатите од училишниот натпревар пријавени ученици кои продолжуваат да се натпреваруваат на регионалниот натпревар се: Мајкл Георгиевски IV-3, Александар Милков IV-3 и Бошко Бошков IV-3 под менторство на проф. по информатика Благородна Лазова и Мартин Николов I-4, Кирил Василев I-4, Благоја Василев III-3 и Даме Тефов III-3 под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски.