Гимназијата „Добри Даскалов“ еден од домаќините на XXXI регионален натпревар по информатика


Објавено на: 16.03.2023

Гимназијата „Добри Даскалов“ беше еден од домаќините на XXXI Регионален натпревар по информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија, кој се одржа на 11 март 2023 год. Натпреварот се одржа на три локации и тоа: Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ Скопје и СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола.

Програмирањето е важен дел од креирањето на критичкото размислување за секој ученик и развивање на идеја, постапка, односно алгоритам за решавање на одредена зададена задача. Затоа Гимназијата „Добри Даскалов“ секоја година учествува со свои ученици на натпреварите по информатика МЕНДО – од областа на програмирањето, во организација на Здружението на информатичари на Македонија – ЗИМ.

На регионалниот натпревар учествуваа учениците Кирил Василев I-4, Мартин Николов I-4, Благоја Василев III-3, Даме Тефов III-3, под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски и Мајкл Георгиевски IV-2, Александар Милков IV-2, Бошко Бошков IV-2 под менторство на проф. по информатика Благородна Лазова.

Според освоените поени и резултати ученикот Мајкл Георгиевски IV-2 се стекна со III награда, учениците Кирил Василев I-4, Мартин Николов I-4, Благоја Василев II-3, Александар Милков IV-2, Бошко Бошков IV-2 добија пофалба за успешно учество, Даме Тефов III-3 пофалба за учество.

На XXXIV државен натпревар по информатика што ќе одржи 24-26.3.2022, поканети се да се натпреваруваат учениците Кирил Василев I-4, Мартин Николов I-4, Благоја Василев III-3, Мајкл Георгиевски IV-2, Александар Милков IV-2 и Бошко Бошков IV-2.

Им посакуваме успеси на учениците на натпреварите што следуваат.