На 17.03.2023 година се одржа Десетиот Регионален натпревар по Биологија под организација на Македонското биолошко друштво и Институтот за Биологија на Природно-математичкиот факултет од Скопје. Натпреварот се реализира online во 10 часот, во просториите на нашата Гимназија, во кабинетот по Информатика. На овој натпревар учествуваа 16 ученици од I, II и III година. Учениците постигнаа одлични резултати и се пласираа за учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 27.05.2023 година во Скопје , на ПМФ, со физичко присуство.
Ментори на учениците се професорите Богде Коцева и Елизабета Иговска кои секогаш несебично им го пренесуваат своето знаење и безрезервно им помагаат за да постигнат подобри резултати.
На сите ученици им се заблагодаруваме за учеството на Регионалниот натпревар и постигнатите одлични резултати.
Томас Џеферсон рекол:„ Забележав колку понапорно работам, толку повеќе среќа се чини дека имам “. Па, затоа и ние на нашите ученици им посакуваме многу среќа и успех на престојниот Државн натпревар, бидејќи тие со својот труд тоа го заслужуваат.
Ред.бр. | Име и презиме на ученикот | Клас | Награда | Пласман на Државен натпреват | Ментор |
1. | Елена Илова | I -3 | I награда | се пласира | Богде Коцева |
2. | Цветанка Ристовска | I -3 | II награда | се пласира | Богде Коцева |
3. | Анастасија Ризова | I – 5 | II награда | се пласира | Богде Коцева |
4. | Ана Лазароска | I – 4 | II награда | се пласира | Богде Коцева |
5. | Мила Стојанова | I – 4 | III награда | – | Богде Коцева |
6. | Александра Лазова | I – 5 | III награда | – | Богде Коцева |
7. | Марија В`чкова | II – 5 | I награда | се пласира | Елизабета Иговска |
8. | Матеа Мукаетова | II – 5 | I награда | се пласира | Елизабета Иговска |
9. | Стефанија Сарафимова | II – 5 | III награда | се пласира | Елизабета Иговска |
10. | Тодор Пењушков | II – 5 | III награда | се пласира | Елизабета Иговска |
11. | Љупчо Лалков | II – 5 | пофалница | – | Елизабета Иговска |
12. | Павле Ристов | II – 3 | учество | – | Елизабета Иговска |
13. | Томе Ѓондев | III – 3 | II награда | се пласира | Богде Коцева |
14. | Ивана Илова | III – 5 | III награда | – | Богде Коцева |
15. | Мила Димова | III – 5 | III награда | – | Богде Коцева |
16. | Теона Јорданова | III -4 | пофалница | – | Богде Коцева |