Ученичка во гимназијата „Добри Даскалов“ – Данка Стојкова прогласена за најуспешен млад спортист на град Кавадарци


Објавено на: 30.03.2023

На 01.03.2023 година Данка Стојкова беше прогласена за најуспешен млад спортист на град Кавадарци од страна на Сојуз на спортови на Општина Кавадарци.

На 26.03.2023 на Меѓународниот натпревар “Bushido Open” во Босна, Данка Стојкова ги постигна следниве резилтати: – Златен медал (1.место) во категорија ката индивидуално женски јуниорки – Златен медал (1.место) во категорија ката индивидуално женски сениорки – Златен медал (1.место) ката екипно женски кадетки и јуниорки. Данка Стојкова беше прогласена за најуспешен натпреварувач на натпреварот.