На 5.4.2023 година учениците од подрачјето ПМБ, IV-5 со проф. Елизабета Иговска и Даница Пецова ја посетија В.В Тиквеш – Кавадарци, во лабораторијата за испитување на вино и ракија, каде се врши постојана анализа и контрола и ги видоа сите современи лабораториски апарати. Во технолошкиот дел видоа процес на готов производ, полнилицата на вино (флаширање) со современи линии. Задоволството кај учениците беше големо.