Работилница “Збогатете го вашето искуство преку работење онлајн на проекти од САД”


Објавено на: 20.04.2023

Изминатиот период тројца МААА Алумни (Macedonian American Alumni Association) реализираа small grant. Моника Ризовска, Александар Спасов и Данчо Димков оддржаа работилница “Збогатете го вашето искуство преку работење онлајн на проекти од САД”, наменета за млади од 14-24 год. во СОУ “Добри Даскалов” – Кавадарци со 50 ученици во живо и 60 онлајн слушатели.
Работилницата беше со цел поттикнување на младите кон стекнување на волонтерско и работно искуство во реални компании во САД како и стекнување на вештини кои понатаму ќе им помогнат во изборот на својата кариера.
Доколку сакате да дознаете повеќе за фриленсингот, и да слушнете дел од ова предавање, следете го следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=qu9ekXMJiGQ