Освоено прво место на Државниот натпревар по физика


Објавено на: 09.05.2023

Ученикот Мајкл Георгиевски од четврта година освои прво место на

Државниот натпревар по физика кој се одржа на 29.4.2023 година на ПМФ- Физика во Скопје .
Честитки до ученикот кој континуирано секоја година освојува награди и признанија!

Мајкл продолжува да се истакнува со своите знаења а неговите успеси тоа го потврдуваат и Гимназијата ,,Добри Даскалов,, има зошто да се гордее.   Постигнувањата на Мајкл се резултат на неговата континуирана работа,  неговите широки познавања од областа на физиката и математиката и неговиот несекојдневен интелект .

Како и секоја година натпреварот беше  организиран од страна  на Друштвото на Физичари на Република Македонија (ДФРМ) ,а ментор на овој ученик е Крстева Кристина професор по физика.

Брилијантноста на Мајкл се гледа и во изборот на овој ученик за учество на Европската  Олимпијада по Физика.   По одржаниот селекционен натпревар за Европската Олимпијада по физика 2023 тој влезе во тимот од пет ученици кои ќе ја преставуваат Македонија на овој престижен натпревар.

EuPhO ќе се одржи од 16 до 20 јуни 2023 година во Хановер Германија.

Еве го и тимот кој ќе ја претставува нашата Држава на оваа Олимпијада:

 

1. Јан Стојановски, III година, ПСУ Јахја Кемал – Скопје
2. Мајкл Георгиевски, IV година, СОУ Добри Даскалов – Кавадарци
3. Матеј Гелев, III година, ПСУ Јахја Кемал – Скопје
4. Емилија Николовска, III година, Математичко – информатичка гимназија – Скопје
5. Алексиј Тасиќ, II година, ПСУ Јахја Кемал – Скопје