Освоени бронзени медали на Македонската Математичка Олимпијада


Објавено на: 12.05.2023

На 30-та Македонска Математичка Олимпијада (ММО)  учествуваа најдобрите 45 математичари, средношколци од I до IV година. Се натпреваруваа на 5 исти задачи од област комбинаторика, геометрија, низи на броеви и други области за кои се  подготвуваа ,покрај редовната настава, покрај консултациите со своите ментори неуморно вежбајќи самостојно и истражувајќи ги тајните на математиката.

Мајкл Георгиевски и Бошко Бошков, ученици од IV-3 клас, ментор Невенка Поп-Ангелова ,од нашето училиште се натпреваруваа заедно со 45 те најдобри математичари средношколци!

Мајкл Георгиевски и Бошко Бошков се здобиja со БРОНЗЕН  МЕДАЛ на ова натпреварување!

Поканата за учество на ММО за двајцата ученици дојде по одличните резултати на Регионалниот и Државниот натпревар по математика!

На регионалниот натпревар I место 100 поени освоија двајцата ученици , а на Државниот натпревар Мајкл Георгиевски I место, Бошко Бошков пофалница!

https://smm.org.mk/wp-content/uploads/2023/04/%D0%94%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D1%80%D0%B5%D0%B7%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8.pdf

Им честиаме на учениците за освоените награди и им посакуваме да продолжат посветено да работат, учат истражуваат и да постигнуват успех на сите полиња.

Математиката не познава ниту расни ниту географски граници; за математиката, културниот свет е една држава…– Давид Хилберт