Save Your Future – Еразмус+ проект во СОУ Гимназија Добри Даскалов Кавадарци


Објавено на: 27.10.2023

На 27.10.2023 година во рамките на Еразмус+ проектот Save Your Future, во СОУ Гимназија Добри Даскалов Кавадарци се одржа витруелна средба со партнерските училишта на која учениците од партнерските земји ги претставија своите училишта, град и земја и се запознаа со останатите учесници во проектот.

Проектот Зачувај ја твојата иднина – Save Your Future има за цел да се развие во широк опсег од навики за потрошувачка и свесно трошење, па сè  до финансиска писменост. Тој е дизајниран за заеднички развој на меѓусебно поврзани компетенции. Целта што сакаме да ја постигнеме е да се осигураме дека потрошувачките навики на нашите ученици се чувствителни на животната средина, нивните навики за трошење се ефикасни и самите ученици имаат вештини за финансиска писменост.

За имплементација на проектот ќе бидат креирани видеа (кратки филмови / огласи за јавен сервис), блог постови, дигитални постери и цртани филмови. Во проектот ќе се направи анкета и ќе се примени за учениците од сите партнерски училишта. Исто така ќе биде креирана е-книга што ќе ги содржи проектните активности од целиот проект.

Очекуваме овој проект прво да создаде свест за навиките за потрошувачка на учениците. Потоа, очекуваме учениците да бидат чувствителни на животната средина додека консумираат. На крај, очекуваме да се зголеми основната финансиска писменост кај учениците.

Во овој проект СОУ Гимназија Добри Даскалов Кавадарци е партнерско училиште со средните училишта Liceul Technologic Ticleni од Романија, Mustafa kemalpasa Anadolu Lisesi од Турција и Istituto Tecnico Commerciale Statale F. Scarpellini од Италија. Имплементацијата на проектот е со времетраење од 2 години.