Избран претседател и заменик-претседател на Ученичкиот парламент


Објавено на: 08.11.2023

На ден 26.10.2023 година (четврток) се одржа Втората седница на Ученичкиот парламент на која беше избран претседател и заменик претседател на Ученичкиот парламент за учебната 2023/2024 година.

По упатениот  Повик на Првата конститутивна седница на Ученичкиот парламент за избор на претседател се пријавија пет кандидати: Ангела Каровска ученичка од четврта година, Клара Маркова од трета година, Филип Јосков од четврта година, Методи Јованчев од трета година  и Гоше Алексов исто ученик во трета година. Учениците се претставија пред присутните со програма за работа на Ученичкиот парламент и ги истакнаа причините кои ги мотивирале да аплицираат за оваа функција. По извршениот избор преку тајно гласање за претседател на Ученичкиот парламент во учебната 2023/2024 година членовите на Ученичкиот парламент ја избраа ученичката Ангела Каровска, а за заменик-претседател ученикот Методи Јованчев. Седницата ја водеше Игнат Петров, ученик од трета година.

На претседателот и заменик претседателот им посакуваме успешна работа.