Општински натпревар по хемија


Објавено на: 27.02.2024

На 23 февруари 2024 година во ООУ ,,Димката Ангелов – Габерот’’ од Кавадарци се одржа општински натпревар по хемија во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија. Натпреварот се одвиваше со online тестирање на ClassMarker. Од СОУ Гимназија ,,Добри Даскалов” – Кавадарци учествуваше ученикот од I-5 гимназиско образование ПМБ Божидар Давидовски. Ученикот се здоби со диплома за освоена III награда и пласман на регионален натпревар.

Ментор: проф. по хемија Даница Пецова