Одржан училишен натпревар по информатика


Објавено на: 28.02.2024

Традиционално и оваа учебна година наши ученици се вклучија во циклусот натпревари по информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија. Најпрво, поради големиот интерес на учениците во просториите на гимназијата Добри Даскалов на 27 февруари 2024 година (вторник) беше одржан училишниот натпревар кој имаше за цел да им овозможи на учениците да се натпреваруваат и да ги покажат своите знаења во областа на информатиката и програмирањето, додека на менторите да направат селекција на претставници кои ќе го претставуваат училиштето на регионален натпревар.

На училишниот натпревар учествуваа 22 ученици под менторство на професорите по информатика Благородна Лазова и м-р Зоран Милевски и тоа: Давид Петрески I-4, Трајче Ацев I-4, Јован Анѓушев I-4, Александар Бадев I-4, Иван Милков I-4, Марко Гурев I-4, Давид Митров II-4, Ристе Поповски II-4, Јован Илов II-2, Кирил Васлев II-4, Мартин Николов II-4, Павле Ристов III-3, Гоше Алексов III-2, Костадин Мишев III-3, Стефан Мустеников III-2, Орданчо Клинчаров III-3, Драган Ташев III-3, Лазар Јанчев III-3, Атанас Јованов III-3, Милан Лазов IV-3, Благоја Василев IV-3 и Јордан Милков IV-3.

Според резултатите од училишниот натпревар пријавени ученици кои продолжуваат да се натпреваруваат на регионалниот натпревар се: Александар Бадев I-4, Драган Ташев III-3 и Орданчо Клинчаров III-3 под менторство на проф. по информатика Благородна Лазова и Кирил Василев II-4, Давид Митров II-4, Благоја Василев IV-3, Милан Лазов IV-3 и Јордан Милков IV-3 под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски.

Им посакуваме уште поголеми успеси на учениците на следните натпревари.