Органски сапуни – корисни за вашата кожа и животната средина


Објавено на: 07.03.2024

По повод меѓународниот ден на жената 8 Март, учениците од IV година ПМБ заедно со проф. по хемија Даница Пецова рачно изработија домашни сапуни во форма на цветови.

Овие сапуни се изработуваат со ладна метода на сапунификација, природни масла и натриум хидроксид кој го нема во крајниот производ.

Добиениот сапун е нежен за кожата, високо пенлив, содржи глицерин кој се добива во процесот на сапунификација. Глицеринот ја негува кожата и ја одржува влажна и мека.

Овие природни, органски сапуни се еколошки, направени се со биоразградливи состојки кои не предизвикуваат штета на животната средина.