Гимназијата „Добри Даскалов“ еден од домаќините на XXXII регионален натпревар по информатика


Објавено на: 09.03.2024

Гимназијата „Добри Даскалов“ беше еден од домаќините на XXXII Регионален натпревар по информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија, кој се одржа на 9 март 2024 год. Натпреварот се одржа на четири локации и тоа: Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ Скопје, СОУ„Јане Сандански“ Струмица и ПСУ „Јахја Кемал“ Струга.

Во просториите на Гимназијата „Добри Даскалов“  учествуваа 40 учесници од Кавадарци, Битола, Гевгелија, Неготино и Прилеп.

Програмирањето е важен дел од креирањето на критичкото размислување за секој ученик и развивање на идеја, постапка, односно алгоритам за решавање на одредена зададена задача. Затоа Гимназијата „Добри Даскалов“ секоја година учествува со свои ученици на натпреварите по информатика МЕНДО – од областа на програмирањето, во организација на Здружението на информатичари на Македонија – ЗИМ.

На регионалниот натпревар учествуваа учениците Александар Бадев I-4,  Павле Ристов III-3 и Орданчо Клинчаров III-3 под менторство на проф. по информатика Благородна Лазова и Кирил Василев II-4, Давид Митров II-4, Благоја Василев IV-3, Милан Лазов IV-3 и Јордан Милков IV-3 под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски.

XXXV државен натпревар по информатика ќе одржи 22-24.3.2024 на ФИНКИ.

Им посакуваме успеси на учениците на натпреварите што следуваат.