Нашите ученици Гордана Клинчарова II-4, Ѓорѓи Костадинов II-4, Јован Манев II-4, Никола Јованов III-4 и Александар Петров III-4 активно вклучени во подобрување на компјутерската опрема во училиштето, а воедно се активни волонтери во иницијативата Донирај компјутер – Борче Стаменов.
Гимназијата оваа недела доби уште една донација од иницијативата Донирај Компјутер – Борче Стаменов, со што за училиштето се обезбедија уште 20 компјутери. Ова не е прва донација од Донирај компјутер. По иницијатива на директорката Јасминка Чулева, и професорите по информатика м-р Зоран Милевски и Благородна Лазова, гимназијата неодамна гимназијата доби донација втор кабинет по информатика со 30 компјутери, а потоа дополнителни 28 компјутери распоредени по сите училници, со тоа нашето училиште е едно од најопремените училишта со компјутерска опрема во државата.
Секоја година во гимназијата се одржуваат и натпревари по информатика и програмирање каде што гимназијата како домаќин овозможува одлични услови за реализирање на натпреварите.
Голема благодарност за Донирај Компјутер – Борче Стаменов за посебен придонес во унапредување на компјутерската опрема и подобрување на ИКТ во наставниот процес, исто така и до учениците кои што активно се вклучија во подобрување на условите за работа во училиштето.