Бројот ПИ- тајна што инспирира многу научници и љубители на математиката!


Објавено на: 19.03.2024

Четиринаесетти март (3.14) се одбележува како Ден на бројот ПИ! Во таа чест учениците од I година од СОУ Гимназија Добри Даскалов под мотото “ МАТЕМАТИКАТА ме инсПИ рира” , организираа неколку активности:

  • Натпревар во помнење на децимали на бројот ПИ!
  • Изработка на презентација со интересни факти за бројот ПИ – пано поставено во училишниот хол.
  • Изработка на кругови со различен радиус и презентирање на пресметување на бројот ПИ!

Во првата активност учествуваа учениците Димов Роберт,Атанасова Ангела, Биков Кирил, Дамова Матеа, Ѓорев Васко, Иванов Јован, Касапинов Никола, Манасијевска Елена, Михајловски Михајло, Мукаетов Кирил, Митрева Сара, Наумов Зоран, Секуловска Ивана, Стојанова Тамара, Ташев Јордан, Трајкова Јана, Ќимов Никола, Великовска Антонија, Митевска Доменика, Ставрова Наталија ученици од I година.

Натпреварот се одржа во кабинетот по информатика а се користеше програма изработена од Мајкл Георгиевски, првенец – ученик на генерацијата 2023.

Во одлична натпреварувачка атмосфера учениците се натпреваруваа а потоа и забавуваа. Најдобри резултати постигна ученичката Матеја Дамова од I-2 . Таа успеа  точно да запише 224 децимали на бројот ПИ. Добри резултати постигнаа и Ивана 180, Тамара 179, Елена 151!

За втората активност -изработка на презентација со интересни факти за бројот ПИ или Лудолфов број или Архимедова константа – се погрижија учениците Мартина, Леона, Стефанија. На интересен начин им пренесија на учениците дека Бројот  ПИ неможе да се напише како количник од два природни броја, неговиот децимален запис е бесконечен и не е периодичен!

Михајло и Ангела и Наталија  подготвија убави пити во домашни услови и ги споделија  на општо слатко задоволство на сите учесници!

Денес учениците се натпреваруваа, забавуваа , споделуваа техники на помнење и се надевам инсПИрираа за нови знаења и вештини!

М-р Невенка Поп-Ангелова