Одлични резултати на нашите ученички на државниот натпревар по англиски јазик за средни училишта


Објавено на: 16.05.2024

На 11.4.2024 година, во просториите на СУГС „Никола Карев“ во Скопје, се одржа државниот натпревар по англиски јазик за средни училишта, на кој учествуваа и нашите ученички: Вања Стојанова од прва година, ментор Сања Илова и Надица Ангелова од втора година, ментор Христинка Косовска.

Ученичките постигнаа одлични резултати. Оваа година за првпат покрај првите три места беа доделени и награди според бодовниот пласман на учениците. Надица Ангелова освои прва, а Вања Стојанова трета награда. Им честитаме на учениците и на менторите за постигнатиот успех и се надеваме на уште поголеми успеси во иднина.