Гимназијалците на креативен начин се борат против сајбер насилството


Објавено на: 03.06.2024

Поради се поголемата дигитализација и употреба на социјалните мрежи, учениците се повеќе стануваат потенцијални жртви на сајбер насилство. Токму поради оваа причина ученици од нашето училиште преку изработување на краток филм „Насилството има ново лице-сајбер насилство“и брошури на истата тема, на креативен начин се потрудија да ја зголемат свеста кај учениците за овој вид на насилство и да ги потенцираат начините на превенција и похуманиот однос меѓу соучениците.  Учениците работеа под менторство на професорките Наташа Матакова, Марија Добринова и Стефанија Костадинова, а оваа иницијатива е дел од  проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ на Коалиција на младински организации СЕГА, Смарт Ап-лабараторија за социјални иновации, Македонски центар за граѓанско образование и Прва детска амбасада „Меѓаши“, поддржан од детската фондација Песталоци.