Перформанс за паметење-гимназијалците во улогите на безвременските класици

Спојот на литературата,музиката,талентот и желбата која ја краси младоста, на сцената во библиотеката “Феткин”го донесоа перформансот “Слушни ја мојата приказна”.Од страниците на безвременските класици на француската,германската, руската,американската и македонската литература, впечатливите ликови и нивните животни приказни направија пат до срцата на современиот човек носејќи ја идејата дека литературата и животот едно се,заедно патуваат низ времето и просторот.

Преку одличната соработка на библиотека “Феткин ” и СОУ Гимназија “Добри Даскалов “се испиша уште една успешна приказна и им се даде поттик на младите луѓе. Гимназијалците под менторство на професорката Васка Петкова создадоа ремек дело кое долго ќе се памети,покажаа знаење,голем театарски талент и заедно ја раскажаа својата приказна.Со почит кон литературните дела ја оживеаја историјата и не потсетија дека вечните човекови прашања ги поставуваме низ сите времиња. Прашањето за смислата на животот,љубовта,општеството, целта,моралот…Секоја чест за овие млади луѓе со кои секогаш е гордост да се работи.Аплаузот е за сите нив!