Во рамките на проектот “Промоција на безбедна училишна средина”, 8 ученици од нашето училиште учествуваа на интеркултурна размена во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија. Размената се одржа од 2 до 15 април 2025 година, заедно со ученици од Македонија и Полска.
За време на престојот, учениците беа дел од работилници посветени на детските права, почитувањето на различностите, антидискриминацијата, принципите на мултикултурен дијалог и комуникација, како и теми поврзани со ненасилство и толеранција.
Покрај едукативните активности, учениците имаа можност да го посетат Цирих, Луцерн, Сент Гален, Технорама музејот во Винтертур, како и прекрасните Рајнски водопади, стекнувајќи нови искуства и проширувајќи ги своите видици.
Им посакуваме стекнатото знаење и искуство успешно да го пренесат на своите соученици и да продолжат да ја промовираат културата на мир, разбирање и почитување.





