Нашето училиште – Домаќин на Јубилејното 20-то Образовно Рандеву 2025, во организација на МАССУМ

Годинава го славиме 20-тото издание на Образовното рандеву – настан што ги поврзува учениците од средното стручно образование во нашата држава и настан на кој што учествуваме со задоволство и почит, бидејќи секоја година нè потсетува колку потенцијал има во нашите ученици.

Настанот го отворија градоначалникот д-р Митко Јанчев и м-р Зоран Милевски, директор на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци.

Искрена благодарност до градоначалникот д-р Митко Јанчев и Општина Кавадарци за поддршката и отвореноста кон младите и образованието. Поддршката од локалната самоуправа е секогаш важна, а кога таа е вистинска и искрена – резултатите се видливи.

Благодарност и до организацијата МАССУМ – за континуираната организација на оваа образовна манифестација и за тоа што им дава можност на младите да блеснат – да се слушнат, да се видат и да се поврзат.

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци како домаќин на јубилејното 20-то по ред Образовно рандеву им посакува на сите ученици и нивните ментори топло добредојде овие два дена во нашиот град и посакува успешно, инспиративно и незаборавно Образовно Рандеву!