Денес во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци ја започнавме новата учебна година со свечен пречек на учениците од прва година.
Директорот на гимназијата им порача на учениците да бидат отворени за знаење, храбри пред предизвиците и посветени на своите цели.
Воедно, беа доделени и признанија за нашите матуранти:
Диплома за Ученик на генерацијата 2021–2025 се додели на Тодор Пењушков.
Признание за континуиран успех и активно учество во воннаставни активности се додели на Марија Вчкова.
Им посакуваме на сите ученици успешна и мотивирачка учебна година!