Професори и ученици од гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци беа учесници на Еразмус+ работилница во партнерското училиште во Италија во периодот од 14. до 20.4.2024 година. Тие имаа можност да се запознаат со културата и обичаите на нивните врсници, како и со сите проекти кои тие ги реализираат како наставни и вон-наставни активности. Темата на работилницата беше „Навики за трошење”. Преку повеќе организирани активности, учениците и професорите имаа можност да се запознаат и со природните убавини кои ги нуди Фолињо, Асиси и Рим.
Покрај запознавањето на културата, учесниците имаа активности во рамките на работилниците на тема „ Дигитални апликации за буџет“, Креирање анкета „Свесно потрошувачко однесување и навики за трошење“, Собирање податоци за видеа – „Разликата помеѓу потребите и желбите“.
Преку проектот Зачувај ја својата иднина – Save your future во делот „Навики за трошење” реализиран низ низа активности, учениците имаа можност да се стекнат со финансиска писменост и добри потрошувачки навики.


