На 15.04.2026 година во нашето училиште се одржа едукативна работилница за родители на тема: ,,Унапредување на менталното здравје кај адолесцентите преку ефективна комуникација со нив” во реализација од психологот на училиштето, Душанка Иванова.
Цели на работилницата беа: запознавање со важноста на ефективната комуникација за градење добри релации и позитивна семејна клима, подобрување на комуникациските вештини за унапредување на менталното здравје и раното откривање на евентуални знаци на проблем кој го оптоварува и мачи адолесцентот, развивање свест за сопствените обрасци на однесување со адолесцентите и совладување на алатки за успешна комуникација со нив.
Родителите во позитивна, стимулативна и пријатна атмосфера ја проследија содржината, активно учествуваа во разговорот и споделија сопствени искуства и размислувања за дадената тема. Изразуваме голема благодарност до родителите кои ја прифатија поканата за учество на работилницата, за покажаниот интерес, активност и конструктивната дискусија, со што планираните цели беа остварени.
Продолжуваме и понатаму како училиште да реализираме едукации за подобрување на психолошките сознанија и вештини кои придонесуваат за унапредување на квалитетот на животот.
