На ден 22.04.2026 година се одржа општинскиот натпревар по прва помош, на кој учество зеде и нашето училиште.
Овој натпревар не претставува натпреварување помеѓу учесниците, туку предизвик во кој секој се натпреварува со самиот себе – да биде поприбран, побрз, похуман и поподготвен да помогне во вистински момент.
Учеството на ваков настан има особено значење, бидејќи ја истакнува важноста од стекнување практични знаења и вештини за спасување човечки живот. Учениците преку ваквото искуство развиваат чувство на одговорност, солидарност и хуманост.
Со особена гордост истакнуваме дека нашиот тим го освои второто место, покажувајќи високо ниво на подготвеност, тимска работа и присебност. Но, уште поважно е што на овој натпревар нема поразени – сите се победници, бидејќи знаењето и вештините што се стекнуваат се од непроценлива вредност.
Овој успех е поттик за понатамошно унапредување и доказ дека вложувањето во едукација за прва помош создава свесни, одговорни и подготвени млади луѓе.


