ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

Секоја година на 10 октомври, почнувајќи од 1992 година се одбележува Светскиот ден на менталното здравје.

Во нашето училиште активностите за негово одбележување започнаа неколку дена порано. Имено, на 06.10.2023 година училишниот психолог реализираше интерактивнa работилница со наставниците на тема „Менталното здравје и остварување на добросостојба“ со цели: подигнување на  свеста за проблемите на менталното здравје, проширување на знаењата, поттикнување на вложувањето во менталното здравје, елиминирање на стигмата и препораки за наставниците за превенција и унапредување на менталното здравје кај учениците.

На класен час раководителите на паралелките со учениците дискутираа на оваа тема.

Во холот на училиштето беше поставено  едукативно-информативно пано со цел промоција на важноста и грижата за добро ментално здравје, како и достапноста на поддршката во училиштето. Паното беше уредено од Милица Ташева, Дијана Стојанова и Теодора Илова, ученички од четврта година под менторство на психологот на училиштето.

На 10.10.2023 година со учениците беше реализирана едукативна работилница за подобрување на грижата за менталното здравје која е сигурен влог за подобрување и унапредување на квалитетот на човековиот живот.

Исто така сакаме да истакнеме дека во текот на целата наставна година ќе се реализираат  работилници, интерактивни предавања, дискусии за подобрување на личните, социјалните компетенции и компетенциите за учење согласно Програмата за унапредување на менталното здравје и добросостојба која е во рамки на Годишната програма за воспитно-образовната работа на  училиштето.

Тим за промоција и превенција на добросостојба и ментално здравје