Златен и бронзен медал на натпреварот ROBOMAC Junior 2026

Во периодот од 20 до 22 април 2026 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од РС Македонија – RoboMac Junior 2026. Главен организатор беше ФЕИТ и студентскиот огранок на IEEE.

На натпреварот учествуваа 54 учесници од четврта година од над 30 средни училишта од РС Македонија, кои се натпреваруваа во две категории АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА и ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА. Од нашето училиште учествуваа учениците од четврта година: Гордана Клинчарова IV4, Ѓорѓи Костадинов IV4, Ристе Поповски IV4, Габриела Бошкоска IV4 и Ана Лазароска IV4 под менторство на проф. Наталија Камчева. Највисок пласман оствари Гордана Клинчарова која освои златен медал, додека Ѓорѓи Костадинов се закити со бронзен медал. Со овие резултати, учениците уште еднаш го потврдија квалитетот на знаењето и посветеноста во областа на современите технички дисциплини,  достојно претставувајќи го своето училиште.

Целта на овој натпревар беше да се зголеми интересот за роботика и вештачка интелигенција меѓу средношколците во нашата земја, при што учесниците имаат можност да ги споделат своите знаења, како со наставниците и асистентите на Факултетот така и со своите врсници – натпреварувачи, а имаат можност и за работа во тимови и работа со вистински роботи. Освен активностите од натпреварувачки карактер, учесниците имаа можност да следат и неколку предавања во кои се претставија популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката одржани од професори и експерти во оваа област.