Нашите ученички дел од „Розевата панел дискусија“ – за здравјето, превенцијата и грижата за себе
По повод одбележувањето на „Розов октомври“ – месецот посветен на подигање на свеста за ракот на дојка, ученички од нашето училиште учествуваа на едукативниот настан „Розева панел дискусија“, организиран од Општина Кавадарци. Целта на настанот беше подигнување на свеста кај младите девојки за важноста на превенцијата, навремената информираност и грижата за сопственото физичко и ментално









