Државен натпревар по физика

На 24.04.2026 година, во Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа државниот натпревар по физика за учениците од средните училишта.

Од нашето училиште учествуваа ученичките Софија Ѓорчева и Андреа Ѓорѓиева.

Софија Ѓорчева, под менторство на професорот Ристе Стојанов, освои трета награда и обезбеди пласман за учество на олимпијада.

Андреа Ѓорѓиева, под менторство на професорката Кристина Крстева, имаше успешно учество на натпреварот.

Честитки за постигнатите резултати и многу успех на претстојните натпревари!