На регионалниот натпревар на училишни оркестри во организација на Здружението на музичките педагози на Република Македонија, училишниот оркестар при СОУ Гимназија “Добри Даскалов” Кавадарци под менторство на професорот Драган Вељковиќ се здоби со прва награда со освоени 100 бода.