Отворен ден исполнет со инспирација, дружење и нови почетоци во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ 🎓✨

Денес во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ се одржа „Отворен ден“ за деветоодделенците, кои имаа можност одблиску да се запознаат со наставните програми, кабинетите, професорите и училишниот живот.
Преку презентации, активности и дружење, идните средношколци ја почувствуваа атмосферата во гимназијата и добија одговори на сите прашања поврзани со нивното понатамошно образование.

Им благодариме на сите ученици, наставници и гости за прекрасната енергија и посетата! 🎓✨